Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во Тирана ги започнува настапите на Балканското првенство за играчи до 18 години. Генерацијата предводена од селекторот Александар Митев е пред нов предизвик за докажување, откако учествуваше и на европските квалификации оваа зима.
Нашите кадетки денеска во првото коло ќе се сретнат со домаќинот на првенството, селекцијата на Албанија, а во нашата група се и селекциите на Бугарија и Романија. Јасно е дека ова е исклучително силна конкуренција, но нашите девојки ќе се обидат да покажат дека полека созреваат на европската сцена.
Првиот меч вечерва е закажан од 20.30 часот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Вторник , 18 јуни
Србија – Црна Гора (13ч.)
Бугарија – Романија (15.30 ч.)
Турција – Молдавија (18ч.)
Албанија – Македонија (20.30 ч.)
Среда, 19 јуни
Турција – Србија (13 ч.)
Македонија – Романија (15.30 ч.)
Молдавија – Црна Гора (18ч.)
Албанија – Бугарија (20.30 ч.)
Четврток, 20 јуни
Црна Гора – Турција (13 ч.)
Бугарија – Македонија (15.30 ч.)
Србија – Молдавија (18ч.)
Романија – Албанија (20.30 ч.)