Додека чека да оди на Олимпијада, Јокиќ „лупа“ баскет со другарите (ВИДЕО)

639

Никола Јокиќ е во Сомбор и „лупа“ баскет со другарите. Во периодот кога во НБА заврши големото финале, најдобриот кошаркар во НБА лигата е дома и се забавува со своите локални пријатели.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како МВП-то на НБА лигата лежерно игра кошарка три на три со другарите од неговиот роден град.

Никола Јокиќ, откако неговиот Денвер беше елиминиран во НБА плеј-офот, прво замина во Шведска, а потоа се врати во Србија. Времето го минува во Сомбор и го чека скратувањето на списокот на српската репрезентација за Олимписките игри.

ПретходноЛК – 1.квалификациско коло: Тиквеш против Бреидаблик, а Шкендија со тим од Ерменија
СледноЃорѓи Мојсов: На Исланѓаните нема да им биде лесно со Тиквеш!