Жоан Мир ќе вози за Хонда уште две сезони

71

Фабричкиот тим на Хонда во Мото ГП постигна договор со шампионот од 2020 година, Жоан Мир, да остане уште две сезони во тимот, објави Моторспорт. Страните веќе постигнаале усмен договор, кој ќе биде објавен наскоро.

Шпанскиот возач учествуваше на 22 трки без ниту еден освоен подиум или пол-позиција.

Во моментов Жоан Мир е најдобриот возач на Хонда во поединечниот пласман на 18-то место со 13 бодови.

ПретходноФранција рекордер меѓу европските репрезентации
СледноНовак ќе игра на Олимписките игри во Париз