Денешна ждрепка во Нион за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за сезоната 2024/25, сакаше Струга Трим Лум за противник да го добие тимот на Слован од Словачка.
Се разбира дека ова е силен ривал, но нашиот шампион ќе стори се што е во своите можности да ја мине оваа прва пречка во овие квалификации во ЛШ. Ако не успее во тоа тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Мечевите со Слован нашиот шампион ќе ги игра на 9/10 и 16/17 јули, прво на гости, а потоа на реваншот ќе боде домаќин.