Попладнево во Нион се одржа ждрепката и за 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Тиквеш за ривал го доби тимот на Бреидаблик од Исланд, а Шкендија ќе игра двомеч со Ноах од Ерменија.
Веднаш да кажеме дека кавадарчани го добија тимот од Исланд кој лани го елиминираше составот на Струга ТЛ во плеј – офот во ЛК.
Ова се незгодни ривали и за двата наши претставници, но сепак се надеваме дека Тиквеш и Шкендија ќе можат да ги минат овие први пречки во квалификациите во Лигата на Конференции.
Првите мечеви се играат на 11 јули, додека реваншите седум дена подоцна.
Тиквеш прво ќе биде домаќин, а Шкендија својот прв меч ќе го игра во Ерменија.