Шкендија во рамките на 1.квалификациско коло во ЛК, за ривал го доби составот на Ноах. Крајно непознат противник, но затоа екстра квалитетен за тие кои ги знаат приликите во ерменскиот фудбал. Шкендија нема да има нималку едноставна задача. Сепак тетовци како носители во оваа фаза би требало да се фаворити на хартија.
Јетон Беќири, тренерот на Шкендија за „СпортСпорт“ ја искоментира ждрепката:
“Уште кога видовме кој може да ни се падне од подгрупата со тие пет можни ривали, знаевме дека нема да биде нималку едноставно кој и да биде наш противник. Ноах е силен и квалитетен тим, клуб кој е многу амбициозен. Таму играат тројца некогашни играчи на Вардар, и тоа Хамбарзумјан, Дашјан и Миранјан. Добро е тоа што првата средба ја играме на гости, сепак како што реков не очекува тежок предизвик. Ако сакаме да ја минеме оваа пречка ќе мораме и на двете средби да го дадеме максимумот, па и повќе од тоа“ посочи Беќири.