Франција рекордер меѓу европските репрезентации

131

Францускиот национален тим ја совлада Австрија со 1:0 на првиот меч од групната фаза и со тоа впиша европски рекорд. Имено, Франција шест пати по ред победува на отварањата на ЕП или СП што е најдолга серија меѓу европските тимови. Последен пат Французите не победиле на отворањето против Англија (1:1) на ЕП 2012.
Од тогаш па до сега Франција славеше против Романија на првиот меч на ЕП 2016, потоа против Германија на ЕП 2020. На СП 2014 во 1 коло го победи Хондурас, на СП 2018 ја совлада Австралија, на СП 2022 уште еднаш ја совлада Австралија.
Инаку, да кажеме Франција вчера ја совлада Австрија со автогол, а и минатото ЕП славеше на првиот меч со автогол.

ПретходноТурција ја совлада Грузија, за голот на Арда Гулер долго ќе се зборува (видео)
СледноЖоан Мир ќе вози за Хонда уште две сезони