Никола Величковски, капитенот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе игра во бугарската Прва лига. Негов клуб е Септември од Софија, кој минатата сезона избори пласман во најсилната бугарска лига.
Величковски е дете на Вардар, а во јануари 2023 година направи трансфер во Работнички, а минатото лето се пресели во Македонија ЃП за кого играше до сега.
Дома Фудбал Интернационалци Капитенот на У19 репрезентацијата, Величковски ќе игра за Септември Софија