Младинците ја завршија првата фаза од подготовките, следат два теста во Подгорица

111

Машката селекција на Македонија за играчи „Под 20“ години го одработи првиот дел од подготовките за настап на Евробаскетот во Гдиња. Во изминатите десетина дена, избраниците на селекторот Боро Смилковски работа во СРЦ „Кале“, а веќе денеска заминуваат во Подгорица на контролни натпревари преку кои и ќе се бараат идеалните 12.

Нашите кошаркари задутре ќе имаат две „контроли“ против соодветната селекција на Црна Гора. Натпреварите во спортската сала „Вуцо“ во главниот град на Црна Гора се закажани за 20 и за 21. јуни, со почеток од 18.часот.

Селекторот Смилковски и неговите соработници сметаат на сите кошаркари кои го одработија воведниот дел од подготовките, со исклучок на Ненад Јовановиќ кој има обрски со неговиот клуб Розето баскет, и подоцна ќе се приклучи на тимот пред кого се две силни проверки против селекција која е исто така дел од „А“дивизијата, и кој веќе има две проверки.

ПретходноДенот „Д“ за Пелистер!
СледноМакедонскиот првак ќе се тестира во Добој