Се обложи дека Роналдо ќе биде прв стрелец на ЕУРО 2024, очекува добивка од 840.000 долари!

618

Конор МекГрегор, контроверзниот и славен некогашен УФЦ борец, деновиве повторно ја разбранува јавноста, но сега онаа фудбалската. Имено Ирецот вложи 60.000 долари дека Кристијано Роналдо ќе биде прв стрелец на ова ЕП. Ако навистина биде така, тогаш Конор ќе заработи убава сума од 840.000 долари.

Некои велат дека ова е лош потег на Конор ако се знае дека Роналдо не е во којзнае каква форма и дека не е на списокот на фаворити за оваа титула, а и поради фактот дека вчера на мечот со Чешка, капитенот на Португалија не постигна ниту еден гол.

Сепак Конор и натаму верува во Роналдо.

ПретходноГермански полицаец влета меѓу албанските фанови па го направи ова! (ВИДЕО)
СледноАлбанија во 90+5.минута ја шокира Хрватска за конечни 2:2! (ФОТО+ВИДЕО)