Далиќ: Се здробивме за тие 2:1, a потоа примивме гол и за малку трет

1139
HNS Twitter

Хрватска одигра лошо прво полувреме против Албанија, но во второто се крена и набрзина даде два гола и поведе со 2:1. Кога се чинеше дека фаворитот ќе стигне до бодовите, Албанците се кренаа и за малку ќе победеа. Во 95 минута Албанија изедначи, а веднаш потоа имаа голема шанса за победа.
Ова е турнир во кој е важно да се помине групата, а не е важен впечатокот што ќе се остави. Не очекувавме ваква тешка приказна од овој меч. Можеби ќе излеземе подобри по овој натпревар. На овој турнир сите тешко победуваат, но победуваат. Португалија, Чешка, Англија, Србија… изедначено е…

Ова беше меч со две различни полувремиња. Првото беше лошо, примивме гол и потоа не направивме ништо. Ние доста грешевме и висеше нашиот гол. Во второто полувреме бевме подобри, променивме некои работи, се распарчивме, се здробивме за да стигнеме до тие 2:1. Тие 45 минути противникот не можеше да го помине центарот, а потоа му дозволивме во продолжението да изедначи и да стигне до шанса за трет гол… Најважно е дека се уште сме живи и дека последниот меч одлучува за се. Навикнати сме на потешкиот пат“, изјави селекторот Далиќ.

ПретходноПикси со порака до Словенците: “Утре ќе истрчиме на терен за да ве победиме“!
СледноЏимшити: Ќе ја изнервираме Шпанија