Од денеска до 30. јуни, Скопје ќе биде во центарот на вниманието. Благодарение на РФМ нашиот главен град повторно е домаќин на Светско првенство, овој пат јуниорско во женска конкуренција. Вкупно 116 натпревари ќе се одиграат во следните денови.
Пред почетокот последниот меч од првиот ден во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу македонската репрезентација и САД, се обрати и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Тој на сите учесници им посака добредојде, многу среќа и добар настап.
„На сите ви посакувам добро првенство и среќа на Мундијалот. Нека победи подобриот“, рече Мукаетов.