Фуриозен старт на СП – Јуниорките ги совладаа САД со 17 голови разлика! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

956

Македонската женска ракометна репрезентација со убедлива победа го отвори Светското јуниорско првенство кое се одржува во Скопје. Нашите ракометарки славеа против САД со () во рамките на групата Х и се на добар пат да се пласираат во главната рунда.
Овој дуел беше решен уште во првото полувреме, после девет минути Македонија водеше со 7-1, па со 8-1 на средината на овој период. Веќе во 23-та минута на семафорот стоеја двоцифрени 14-3. На другата страна противникот на одморот намали на 15-6. Македонија во десетата минута остана без Бојана Коцева која се повреди. На полувреме се отиде со резултат 15-6.
Во вториот дел иста слика. Доминација на Македонија, репрезентацијата на САД во подредена улога. Американките во вториот дел постигнаа само три гола! Македонските ракометарки 17, па мечот заврши со конечни 32-15.
Борјана Коцева постигна девет голови од 10 обиди, Ива Младеновска реализираше седум голови од девет обиди, Јана Равојска постигна три гола, Анастасија Трпеска и Нина Попова по два…

ПретходноПроблем за Македонија, Коцева се повреди
СледноДрагарски си замина од Беса