На 15 меча веќе имаше 5 постигнати автогола

71

На досегашните 15 одиграни меча на Евро 2024 веќе беа постигнати дури 5 автоголa.

Во натпреварот од второто коло од групната фаза меѓу Хрватска и Албанија (2:2), албанскиот играч за врска Клаус Ѓасула во 76. минута го погоди сопствениот гол, а синоќа во последниот меч на денот и дефанзивецот на Швајцарија, Шер исто така ја погоди мрежата од голот на својата репрезентација.

Претходно автоголови постигнаа и Антонио Ридигер (Германија), Максимилијан Вебер (Австрија) и Робин Гранац (Чешка). Рекордот по бројот на постигнати автоголови на едно ЕП го држи она од 2020 година која имаше вкупно 11 автогола.

ПретходноРеми во Келн, маестрален погодок на Шаќири (видео)
СледноСкандал до скандал: Фудбалерот на Албанија Даку ги пцуеше Македонците и Србите (ВИДЕО)