Јован Шурбатовиќ, генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, вчера побара строга казна за Хрватска и Албанија, чии навивачи заедно на мечот на ЕП пееја „Убиј го Србинот“.
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за поддршката на натпреварот со Англија и се надевам дека ќе ја победиме Словенија. Тоа што се случи е скандалозно и ќе бараме санкции од УЕФА, дури и по цена да не го продолжиме натпреварувањето“, изјави Шурбатовиќ за српската национална телевизија РТС.