По заминувањето од Сараево, нашиот репрезентативен голман Дејан Илиев веднаш си пронајде нова средина. Тоа е тимот на УТА Арад од Романија, клуб од елитната лига во таа земја.
Промоцијата веќе е извршена, Романците се пофалија со новиот член, а ние останува да му посакаме на Илиев добри игри, пред се добри одбрани во новиот клуб.