„АС“: УЕФА ќе го суспендира Даку на неколку натпревари!

2482

Напаѓачот на албанската репрезентација Мирлинд Даку најверојатно ќе биде казнет со супспензија на неколку натпревари поради тнавредливото скандирање кон Македонците и Србите по натпреварот од 2. коло од групната фаза на Европското фудбалско првенство со репрезентацијата на Хрватска (2:2 ). Веста ја објави шпански „АС“.

Претходно, нашата Фудбалска федерација исправи допис до УЕФА и побара јавно извинување од Даку за неговото непристојно однесување.

Се чека конечната одлука на УЕФА, но се чини дека Даку нема да биде во составот на Албанија за мечот со Шпанија во понеделник.

ПретходноКадетките ќе се борат за 5. место на Балканското првенство
СледноЛејкерс го одбраа Џеј Џеј Редик за нов тренер!