Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистерлој наскоро би можел да ја превземе клупата на Барнли. 47-годишниот Холанѓанец е главен фаворит за тренерската позиција на тимот со кој минатата сезона раководеше Винсент Компани кој летово застана на чело на Баерн Минхен.
Пред ова Ван Нистелрој беше помошник тренер на Питер Бош во ПСВ и беше тренер и на младинскиот тим на холандската екипа. Исто така тој беше и асистент во холандската репрезентација.
Ова ќе биде прв сериозен тренерски тест за Ван Нистелрој, со задача да го врати Барнли во Премиер Лигата.