Канадскиот возач Ленс Строл го продолжи договорот со Астон Мартин. Неговиот клуб не ги наведе деталите од договорот но соопшти дека Строл ќе вози за екипата и во шампионатот „кога ќе стапат новите правила во Формула 1“ што значи и во 2026 година.
„Среќен сум што ќе остана во екипата и во 2025 година и после тоа“, наведе Строл.
Строл минатата сезона го освои 10. место во конкуренцијата на возачи, а најдобриот пласман му беше четврто место на трката во Австралија.
Неговиот клупски колега Алонсо во април го продолжи договорот на уште две сезони.
Инаку сопственик на Астон Мартин е Лоренс Строл, таткото на Ленс Строл.
Во меѓувреме и тимот на Алпине соопшти дека нивниот возач Пјер Гасли ќе остане најмалку до 2025 година.