Трикратниот светски шампион Франческо Бањаја славеше во шампионски стил на денешната трка за Големата награда на Холандија. Во рамките на осмата трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП, Италијанецот имаше нова апсолутна доминација, откако вчера победи и на спринтот.
На патеката на која пред осум години ја забележа првата победа во кариерата, возачот на Дукати стигна до третата победа во низа, а воедно и петта сезонава откако водеше од почеток до крај.
Втор заврши Хорхе Мартин на Прамак Дукати, а трет Бастианини од Дукати Леново.