По двата порази на проверките во Подгорица против репрезентацијата на Црна Гора, нашите млади кошаркари до 20 години запишаа две победи во контролните дуели со Словачка. На вториот меч делувавме и доста убедливо. И остваривме висока победа од 80:54.
Нашите млади кошаркари имаа фуриозен почеток на втората „контрола“ во СРЦ „Кале“. “Во рок“ од само шест минути игра од првата четвртина, избраниот тим на селекторот Боро Смилковски (во кој недостасуваше Шошкиќ) стигнаа до високо водство од (18:2). До крајот на првиот период нашето водство беше (20:8).
На почетокот на вториот дел, Македонија имаше имаше и плус од 20 поени (29:9), а на пауза заминавме со 36:20.
Слична игра видовме и во вториот дел во кој не им дозволивме на Словаците да се вратат во игра. Симиќ заврши си 19 поени, Бошалески постигна 17, додека Стојаноски финишираше со 15 поени.