Репрезентацијата на Франција е новиот светски јунорски првак во женска конкуренција. Денеска во големото мундијалско финале кое се одигра во Скопје, Франција ја совлада репрезентацијата на Унгарија (29-26) и ја наследи на тронот репрезентацијата на Норвешка која е јуниорски шампион од 2022.
На полувреме Франција имаше гол предност (14-13), во второто полувреме Франција отиде и на 17-13, највисоко водство во тој момент. Но Унгарците успеаја да се вратат, дури и да поведат со 22-21. Сепак, Французинките се стабилизираа и одново го вратија водството, а потоа со неколку брзи голови направија предност која не ја испуштија до крај. Во тие моменти француската голманка имаше четири важни одбрани.
Најефикасна кај Франција беа Манон Елард и Лилу Пинтат со по 8 голови. Кај Унгарија Леа Фараго постигна 6. Голманката на Унгарија, Клара Зај имаше дури 20 одбрани.
Третото место и бронзениот медал го освои селекцијата на Холандија која во малото финале ја совлада Данска.