Репрезентациите на Словачка и Англија ќе играат продолженија во мечот од осминафиналето од ЕП 2024. „Гордиот Албион“ имаше негатива до 95 минута, а тогаш Џуд Белингем со ножички постигна гол кој донесе продолженија.
Инаку Словаците поведоа во 25 минута со гол на Шранц. На почетокот на второто полувреме Фоден постигна гол кој беше поништен поради офсајд.