Нов член на актуелниот македонски првак, Пелистер треба да биде Илија Абутовиќ, долгогодишен српски репрезентативец, открива „Балканхендбол“.
Триесет и шестгодишниот дефанзивец би можел да се врати во Македонија каде остави неизбришлива трага во дресот на Вардар со кој го освои пехарот на ЕХФ во Лигата на шампионите.
Абутовиќ е блиску до договор со раководството на актуелниот шампион, кој следната сезона го чека нов голем предизвик во Лигата на шампиони, во групната фаза ќе игра против Висла, Веспрем, ПСЖ, Федериција, Спортинг и Динамо Букурешт.
Српскиот дефанзивец претходните две сезони ги играше за француски Шарт. Пред тоа четири години играше во Рајн Некар Левен, каде што пристигна по седум сезони минати во Вардар, каде што се здоби со статус на клупска легенда.
Абутовиќ, производ на школата на славната Црвенка, се наметна во белградски Партизан, по што следеше кратка епизода во љубљански Слован.