Јуниорките стартуваа со подготовките за Плоешти

76

Кошаркарките, предводени од селекторот Горан Крстевски и неговите асистенти Методија Бешлиоски и Јана Петрова, денеска во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготовителниот пеирод, а пред она што ги очекува во текот на ова лето, настапот на континенталниот собир од Дивизијата „Б“, за кошаркарки „Под 18“ години, кој ќе се одржи во романскиот Плоешти, во периодот од 2. до 11. август.

Согласно со планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје. Првире проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во БИХ, иако постои можност, претходно да биде одигран и контролен натпревар против младинската репрезентација на Албанија.

Претходно, селекторот Крстевски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.

Крстевски и неговите соработници во воведниот дел од подготовките сметаат на следните кошаркарки:

1. Ана Ангеловска – Патриот 2016

2. Ива Дојчинова – Тим Арена

3. Ива Колева – Тим Арена

4. Ана Иветиќ – Тим Арена

5. Бојана Николиќ – Вардар

6. Јана Пислевска – Вардар

7. Теа Трајковска – Вардар

8. Ања Начевска – Вардар

9. Мартина Џангаровска – Вардар

10. Мила Начевска – Вардар

11. Теодора Мариновска – Вардар

12. Ангела Тасовски – Вардар

13. Дора Алексовска – Бадел 1862

14. Ана Сарафиловска – Бадел 1862

15. Зара Стојковска – Бадел 1862

16. Јована Димковска – Бадел 1862

17. Ива Згонц – Бадел 1862

18. Вања Милосављевиќ – Бадел 1862

19. Дарија Панкова – Бадел 1862

20. Милица Николиќ – Врбас, Србија

21. Мила Ќолчевска – Баскет Алжеро, Италија

22. Душица Мицева – Пробаскет

ПретходноЖЕШКИ БОНУСИ, НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк
СледноФранцуски интернационалец во редовите на Брера Струмица