Нојер против „шпанското проклетство“ и со нов рекорд

83

Популарниот чувар на мрежата на германската репрезентација, Мануел Нојер, со 19 настапи е најуспешен по бројот на евро-натпревари од сите германски играчи. Тој е најуспешен и од сите голмани, откако зад себе го остави Џанлуиџи Буфон кој има 17 настапи на завршниците на европските првенства.

Осминафиналето за Нојер против Данска беше 38. меч на завршните турнири на Европските и Светските првенства, а против Шпанија ќе постави рекорд и ќе го мине Бастијан Швајнштајгер.

Нојер вели дека сака да го скрши „шпанското проклетство“ кое трае предолго. Германците не знаат за победа над Шпанија н аофицијален меч од 1998 година. Откако Нојер е на голот на репрезентацијата, Германците само еднаш ја совладале „фуријата“ и тоа во пријателски натпревар одигран на 18 ноември 2014 година со резултат 1:0.

ПретходноШпанецот Бенгоечеа ќе и суди на Струга ТЛ на реванот со Слован (Б)
СледноСловенија без Маргуч на ЛОИ во Париз