Во меѓувреме репрезентациите кои обезбедија место на ОИ во Париз на големо се подготвуваат за тамошниот предизвик. Србија одигра пријателски меч против Холанија, славеше со 90-74, а во центарот на вниманието се најде Никола Јокиќ.
Јокиќ на теренот мина 20 минути, постигна само два поени, додаде девет скока и десет асистенции. Некако неверојатна статистика за еден од најдобрите кошаркари на денешницата, но секако сето тоа е само почеток на репрезентативните подготовки по долгата и тешка клупска сезона.
Урош Плавшиќ беше најефикасен со 19 поени, шест скока и две асистенции, што е најпријатното изненадување во српската селекција и сигурно повеќе ќе го замисли тренерот Пешиќ.
Извонредна партија имаше и Никола Милутинов со 17 поени.
Србија во Париз е во група со САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико.