Франција знае најдобро како можете да стигнете до полуфинале на ЕП без гол од игра

97

Француските фудбалери синоќа по подобро изведување на пенали ја совладаа Португалија и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.

По 0:0 и покрај две продолженија, Французите победија со 5:3 по пенали.

Но, „триколорите“ не само синоќа, туку и на цело Европско првенство не постигнаа гол од игра.

Во групната фаза ги победија Австријците со 1:0 со автогол на Вебер. Потоа со Холанѓаните одиграа нерешено 0:0. Во последниот натпревар од групата бодовите ги поделија со Полјаците. Беше 1:1 со голот на Килијан Мбапе од пенал.

Во осминафиналето со автогол на Фертонген ги победија Белгијците со 1:0.

Во полуфиналето игра против Шпанија, која по продолженијата беше подобра од домаќинот Германија.

ПретходноСрбија ја совлада Холандија, чудни бројки зад името на Јокиќ
СледноИгор Арсиќ нов голман на ГРК Тиквеш