Железничар Сараево ќе биде нов клуб на Цветановски

429

26-годишниот крилен напаѓач Матеј Цветановски во новата сезона ќе се пресели во Босна и Херцеговина. Според последните информации, Цветановски ќе го облече дресот на еден од великаните на фудбалот во БиХ, екипата на Железничар од Сараево. Трансферот треба да биде потврден деновиве.

Цветановски минатата сезона ја заврши како фудбалер на Брера Струмица, откако дојде во зимскиот преоден рок. Претходно неколку сезони помина во интернационална кариера. Настапуваше за екипите на Партизани во Албанија и унгарски Ѓирмот.

 

ПретходноНова „бомба“ во Струга ТЛ: И Кехинде во дресот на шампионот! (ВИДЕО)
СледноЕлмас со РБ Лајпциг ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)