Факт е дека Франција е најголемото раочарување на ова ЕП. Не толку според резултатите, иако и полуфиналето е неуспех за ѕвездената екипа на селекторот Дидие Дешам, колку поради тоа што играта на Мбапе и компанија им беше очајна.
Пред два дена со изјава се огласи претседателот на ФС на Франција кој изјави дека Дешамп останува селектор, но така не мислат фудбалските фанови, односно граѓаните на Франција.
Имено во анкетата на Л`Екип, 51% од испитаниците се изјаснија дека Дешамп треба да си даде оставка.
Интересно, дури 80% од нив сметаат дека Франција на ова ЕП играла здодевен фудбал.