Манчестер Сити добил понуда за голманот на тимот, Едерсон, во висина од 25 милиони фунти од неименуван тим од Саудиската Пролига. И покрај неговиот статус на неприкосновен број еден во составот на Пеп Гвардиола, се верува дека Едерсон бара нов предизвик по седум успешни години на „Етихад“.
Саудијците имаат желба да го ангажираат 30-годишниот фудбалер, иако тој има уште две години до крајот на договорот со Сити, кој шампионот на Премиер лигата наводно сака и да го продолжи.
Разговорите меѓу Едерсон и „граѓаните“ за нов договор се заглавени, а Манчестер Сити сега добил официјална понуда од 25 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец од Саудиска Арабија, која може и да ја разгледа.