Мурињо се извини што не го ценел талентот на Карвахал во негово време

805

Неколку часа по успехот на Шпанија на Европското првенство, Жозе Мурињо се врати на своето минато на кормилото на Реал Мадрид (2010 – 2013). Во Берлин со пехарот триумфираа четворица младинци на „белите“ – Хоселу, Алваро Мората, Начо Фернандез и Даниел Карвахал. Двајца од нив – Мората и Начо – дебитираа за Реал во времето на Португалецот, додека другите двајца ја немаа таа шанса. Хоселу се пресели во Хофенхајм во 2012 година, а летото истата година Карвахал замина во Баер Леверкузен на позајмица. Кога десниот бек се врати 12 месеци подоцна, Мурињо го немаше.

„Честитки до европските шампиони Начо Фернандез и Алваро Мората и тренерот кој им даде можност да дебитираат додека се уште беа момци од академијата. Овој ист тренер не сфати дека и Дани Карвахал е таков (шампион). Исто така, му честитаме на г-дин Де ла Фуенте за неверојатната работа. Победи најсилниот тим“, напиша Мурињо на Инстаграм.

ПретходноОфицијално: Влатко Колев во стручниот штаб на Вардар
СледноДамјан Крстов е нов член на Херенвен