Познати се стартните состави: Струга ТЛ со Бесарт и Радески ќе го напаѓа Слован, Кехинде е на клупа!

228

На нешто повеќе од еден час до стартот на натпреварот меѓу Струга ТЛ и Слован, познати се стартните состави на двата тима. И двајцата тренери, Ќатип Османи и Владимир Вајс, ги открија картите што се вели.

Во составот на Струга ТЛ само две измени во однос на стартниот состав од првиот меч. Место Малески во нападот денеска е тука Радески, а место Укпа стартер е Спировски. Како што најавивме,Кехинде е во комбинација и од клупа ќе ја чека да заигра на својот прв меч за нашиот шампион.No description available.

 

Инаку овој реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите започнува во 17 часот. На првиот дуел во Братислава беше 4:2 за тимот од Словачка. Победникот од овој двомеч во 2.квалификациско коло во ЛШ ќе игра со Целје (Словенија), додека поразениот ќе игра во 2.квалификациско коло во ЛК против Динамо Минск (Белорусија) или Пјуник (Ерменија).

ПретходноПотпис на денот – Лука Модриќ
СледноРаботнички „ѕирка“ во Гостивар!