Да си знаете: Кога на интернет навредуваш играч на Реал си добиваш затворска казна од осум месеци!

203

Тоа е тоа. Кога на интернет навредуваш играчна Реал Мадрид тогаш си добиваш затворска казна од осум месеци. Некој ќе рече дека таа казна е престрога, дека не може заради навредливи зборови упатени кон Винисиус и Ридигер на форумот на Реал да заработиш толка казна, тогаш образложението е дека станува збор за расистички навреди.

“Судијата на посоченото лице му изрече казна затвор во траење од осум месец, како и забрана за учество на овој форум во траење од 20 месеци“ изјавија од Реал Мадрид со напомена дека ваквите лица нема да ја служат затворската казна само ако ја следат “програмата за рамноправност и борба против дискриминација“.

ПретходноПортугалец на голот на Вардар 1961
СледноВардар се засилува: Чунга Петрески во стручниот штаб, Шаркоски ново име во тимот!