ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со поддршка за австриската вечер на Охридско лето 

34

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за реализација на австриската вечер, како дел од програмата на Охридско лето.   

Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа реализирањето на австриската вечер во рамки на програмата на „Охридско лето“.  Во црквата „Света Софија“ љубителите на уметноста имаа можност да уживаат во прекрасниот концерт на уметниците од виенскиот квартет „Арпеџо“, кои настапија заедно со харфистката  Тина Жердин.

Претходно во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“  беше поставена изложбата под наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“. Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг, ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија насекаде во светот.  Изложбата е потсетник за напредокот на жените, а едновремено е и осврт на активностите за родова еднаквост.

Амбасадорот на Австрија во Македонија,  Мартин Памер, истакна дека претставува голема чест да се биде дел од реномираниот фестивал. Тој се заблагодари на поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија, што придонесе за реализација на австриската вечер во рамки на програмата на „Охридско лето“.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои  се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе.  Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

ПретходноГо исполни ветувањето: Ова е новата фризура на Кукуреља! (ФОТО)
СледноПеро Антиќ во стручниот штаб на Феникс?! (ВИДЕО)