Денеска медиумите во Германија, поточно “Билд“ се занимаваат со Арсенал и лиферуваат информации за можна трансфер – бомба. А тоа е дека Микел Артета бил силно заинтересиран во своите редови да го доведе Лирој Сане, напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.
Ако ова се оствари тогаш Сане по четири години би се вратил во Премиер-лигата каде од 2016 до 2020 играше за Манчестер Сити.
Сепак според Германците овој трансфер бил втора опција за Артета, тој во преден план го имал Нико Вилијамс, ама до младиот Шпанец тешко дека ќе дојде.