“Македонецот“ Кулушевски се враќа во Серија А, ама ќе игра за Наполи?!

526

Полека, но сигурно, работите во Наполи со ангажманот на Антонио Конте како да се средуваат. Новиот стратег сега има одврзани раце да оформи тим кој како и пред две години ќе биде доволено силен да се бори за титулата.

Сега Конте пројавил и тоа каков интерес за “Македонецот“ Дејан Кулушевски, кој игра за Шведска и е член на Тотенхем. Во медиумите во Италија и Англија се вели дека нема да биде сензација ако Конте успее да го ангажира Швеѓанецот, посебно ако се знае дека тие двајца одлично соработуваа во Тотенхем.

Инаку Кулушевски во Италија играше за Аталанта, Парма и Јувентус.

ПретходноДестани лично ќе ја “ресетира“ Шкендија, прв потег е ангажманот на Мехмеди за спортски директор!
СледноФантастичен гол на Бабунски за Данди Јунајтед! (ВИДЕО)