Цибона се откажува од АБА лигата? МЗТ Скопје е потенцијална замена!

483

Откако минатата година се шпекулираше за можно повлекување на Цибона од АБА лигата, тогаш ситуацијата беше делумно стабилизирана, но во очекување на новата сезона, проблемите во хрватскиот кошаркарски гигант повторно излегоа на виделина. Според информацијата на хрватскиот новинар Томислав Хорват,  проблемот во Цибона не е целосно решен и годинешното учество на загрепчани во регионалното натпреварување, повторно е доведено во прашање.

На следната седница на АБА лигата ќе се разговара за целата ситуација околу Цибона, а доколку нешто не биде решено, АБА веќе има подготвена потенцијална замена.

Наводно, слободното место би можел да го заземе нашиот првак МЗТ Скопје, со што би се комплетирал составот на проширениот шампионат, кој по влезот на Дубаи и Спартак ќе брои шеснаесет клубови.

ПретходноКЛ: Познати четирите можни ривали на Струга ТЛ на денешната ждрепка во Нион
СледноКамерунецот Донгмо ќе биде последното засилување за Вардар