ФК Вардар во полн ек се подготвува за новата сезона во ПМФЛ. Базата на „црвено-црните“ е во Раденци во Словенија каде се работи на физички и тактички план. Вардарци веќе одиграа и три пријателски натпревари, на два запишаа победа (против Чарда Мартјанци и Мура), на еден пораз (Бристрица).
Главната контрола е утре. Македонскиот тим ќе биде гостин на Динамо Загреб на „Максимир“, дуел кој се игра со почеток во 19 часот. Билетите за овој меч се продаваат по цена од 10 евра.
Во изминатиот период Вардар ги засили своите редови со странски и домашни имиња, мозаикот полека се затвара. Нови имиња доби и стручниот штаб. Сето ова е најава за добри времиња во редовите на „црвено-црните“.