Бизнисменот Милан Мандариќ ќе ја напушти функцијата во Фудбалскиот клуб Војводина по само четири месеци работа во тој српски клуб. Како што објавија неколу српски медиуми, имало несогласување на одредени позиции со делови од раководството на клубот, па Мандариќ решил да се откаже од проектот, иако штотуку седна на своето столче.
Тој ја имаше улогата на потпретседател во клубот, а беше и во Управниот одбор.
Во Војводина долго го чекаа неговото доаѓање. Мандариќ бил импресиониран од она што го затекнал по пристигнувањето во Воша, но веќе некое време е разочаран бидејќи неговата улога е маргинализирана.