ОФИЦИЈАЛНО: С. Арабија кандидат за домаќин на СП 2034, гради стадион од 92.000 места!

245

Саудиска Арабија и официјално се кандидираше за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Откако во октомври 2023 година ја објави својата намера да биде домаќин на турнирот, денеска ФИФА потврди дека земјата е единствен кандидат за Светското првенство во 2034 година.

Официјалното поднесување на апликацијата се случи на церемонијата организирана од ФИФА во Париз.

„Ја изразувам мојата искрена благодарност до нашето визионерско лидерство кое ни овозможи да ја постигнеме оваа пресвртница во историјата на саудискиот спорт. Исто така, сакам да изразам длабока благодарност до престолонаследникот и премиерот за неговата непоколеблива поддршка за развојот на спортскиот сектор. Кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година е понуда за иднината. Ова е направено за нашите деца и за оние кои сонуваат. Кралството има за цел да биде домаќин на најважниот настан во светот на фудбалот, кој ќе го потврди нашето влијание на светската сцена во различни области, вклучително и спортот“, рече принцот и министер за спорт на Саудиска Арабија, Абдул Азиз бин Турки Ал Сауд за време на настанот.

Саудиска Арабија соопшти дека планира да изгради стадион со капацитет од 92.000 луѓе во Ријад, кој може да биде домаќин на големи меѓународни настани, вклучувајќи го и Светското првенство во 2034 година. Саудиското Министерство за спорт го откри одобрениот дизајн за стадионот, кој треба да биде завршен во 2029 година.

Стадионот треба да служи како главна база на репрезентацијата на Саудиска Арабија и ќе биде дел од спортски комплекс со затворена спортска сала, олимписки базен и други објекти.

ПретходноШерифовски поразен со ипон, ги заврши настапите на ЛОИ 2024
СледноТотална брука! Србија загуби од Австралија во ватерполо!