Шерифовски поразен со ипон, ги заврши настапите на ЛОИ 2024

196

Третиот македонски претставник на Летните олимписки игри во Париз, Еди Шерифовски, го заврши настапот во натпреварите во џудо со пораз во првата рунда. Шерифовски загуби со ипон во првиот дуел на Игрите против Бразилецот Гиљерме Шимит, кој ја потврди фаворитската улога.

Пред Шерифовски своите настапи на Игрите ги завршија и пливачот Ѓуретановиќ и нашата стрелачка Мојсовска.

Следува голема пауза до следниот настап на македонските олимпијци.

Следните, и тоа два, се на 8 август кога ќе настапат таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.

Последен од македонските олимпијци ќе настапи атлетичарот Дарио Ивановски во маратонската трка закажана за 10 август.

ПретходноСтрелачите Аруновиќ и Микец и донесоа прво злато на Србија од Игрите во Париз
СледноОФИЦИЈАЛНО: С. Арабија кандидат за домаќин на СП 2034, гради стадион од 92.000 места!