Струга ТЛ сака и може да го мине Пјуник! (ФОТО)

183

 

Доцна попладнево во 18 часот на стадионот „Вазген Саргасјан“ во Еревен, нашиот шампион, тимот на Струга Трим Лум на гости кај Пјуник ќе го одигра реваншот од 2.калификациско коло во Лигата на Конференции.

Четата на стратегот Ќатип Османи овој возвратен меч ќе го почне со предност од 2:1, предност заработена во Охрид на првиот дуел. Ова е шанса која не смее да се испушти, еве Струга ТЛ има шанса да ги одмазди Победа, Тетекс, Вардар и Шкупи кои во изминатите две децении беа елиминирани од тој фамозен гигант на Ерменија.

До Охрид немавме ни победа над Пјуник, ете и тоа се случи, па таа одмазда нека биде целосна. Со елиминација на Ерменците и со пласман на стружани во следната фаза, каде ако се биде како што треба, тогаш нашиот шампион во 3.квалификациско коло ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Диферданж (Луксембург) и Ордабаси (Казахастан). Тоа се клубови кои и тоа како може да се минат, па ете ја Струга ТЛ таму каде што беше и лани, во плеј – офот во Лигата на Конференеции.

Но долг е патот до таму, се ова да се оствари ќе треба денеска да се одигра добро, уште подобро од Охрид. Голманот Дујмовиќ да биде сконцентриран, одбраната да биде на ниво, средниот ред да се растрча и комбинира како што знае, а нападот составен од Ибраими, Радески, Кехинде…да постигне макар еден гол.

Јасно е дека треба да се биде оптимист, треба да се биде реален и да се каже дека Струга ТЛ е поквалитетен тим, но исто треба да се биде и борбен, максимално дисциплиниран ако се сака минување во следната фаза, а за тоа доволно е и реми.

Едноставно Струга ТЛ сака и може да го мине Пјуник и да ја спаси честа на мак-фудбалот како што тоа го направи и лани.

Како што напоменавме веќе. Овој возвратен меч започнува во 18 часот а судија ќе биде Сигургд Крингстад од Норвешка.

ПретходноТотална брука! Србија загуби од Австралија во ватерполо!
СледноПетровиќ е оптимист: Со Пелистер сакам да освојам најмалку еден трофеј