Петровиќ е оптимист: Со Пелистер сакам да освојам најмалку еден трофеј

86

Кошаркарскиот клуб Пелистер летово за нов шеф на стручниот штаб го ангажираше Александар Петровиќ. „Пелистерци“ по трите плејоф финалиња во низа не ја кријат амбицијата во новата сезона конечно да се искачат на тронот во Купот на Македонија или во домашниот шампионат, па токму затоа изборот за нов шеф на струката падна врз Петровиќ.

Новиот стратег делува мотивирано во пресрет на овој проект, што за него претставува и враќање назад во битолскиот клуб.

„Имам работено во КК Пелистер во сезоната 2007/08. Тогаш бевме на второ место на табелата на половина од сезоната кога решивме да се разделиме, можам да кажам дека за Битола и за Пелистер ме врзуваат само убави спомени. Секако, овој клуб е на едно многу повисоко ниво во однос на тоа време, но и во однос на огромно мнозинство од клубовите во мак-баскетот во моментов. Стабилноста што ја покажа Пелистер во последните години, но пред се желбата на напредок и за освојување на трофеи, слободно можам да кажам дека нашите визии се поклопија и затоа ја прифатив понудата да застанам на чело на овој проект“.

Петровиќ доаѓа на клупата на местото на Дарко Радуловиќ, додека повеќегодишниот тренер Марјан Илиевски и во новата сезона ќе остане како еден од лидерите на проектот во управата на клубот.

„Останувањето на Илиевски како носител на проектот е многу важна работа, значајна алка за целокупниот колектив и успесите до кои сите сакаме да дојдеме. Тој е човек кој дојде на чело на овој проект уште пред неколку години, учествуваше во неговото создавање, во неговиот раст. Минатата сезона се покажа многу добро и во таа лидерска улога во менаџментот, не се сомневам дека одлично ќе соработуваме“, вели Петровиќ.

Двајцата веќе работат напорно на создавање на играчкиот ростер за новата сезона. Во однос на ланската сезона во тимот сигурно остануваат Костоски и Лука Стојановски, додека од новите засилувања потпишани се Стајиќ, Ташовски, Пандев, Бојиќ и Американецот Брајан Антоан.

Задоволен сум од тимот што го имаме и од засилувањата што ги носиме. Секако, ростерот не е заокружен, неопходни се дополнителени засилувања пред се за борбата под рекетот, работиме напорно на нови потписи и мислам дека во наредните денови ќе биде дополнително засилен играчкиот кадар во Пелистер“, најавува новиот тренер на „пелистерци“.
 Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 
ПретходноСтруга ТЛ сака и може да го мине Пјуник! (ФОТО)
СледноГрчкиот ѕвер не можеше сам, Шпанскиот сон за 1/4 финале е реалност