Мамиќ: Не ја сакав Ц. Звезда за ривал, сега ќе мора да ја победам!

1560

Како “бомба“ одекна веста, денеска нешто после 12 часот, дека во плејофот во Лигата на Шампионите, можно е да има двомеч меѓу Ц. Звезда и Динамо Загреб. Јасно е дека прво треба и двете екипи во 3.квалификациско коло да ги минат Шериф и Легија Варшава, но сега се е во знакот на тој можен дуел. Ако се случи тоа тогаш јасно е дека ќе “гори“ Балканот.

Се дадоа многу изјави, а свој коментар за овој можен двомеч од БИХ даде и Здравко Мамиќ, неформално првиот човек на Динамо, кој не крие дека има симпатии и кон Ц. Звезда.

Искрено не ја сакав Ц. Звезда за можен ривал, сега ќе мора да ја победам. Видете, рано е уште, и двете екипи имаат силни ривали во третата рунда. Нека поминат па после ќе разговараме подетално. Јас би посакувал и на двете средби, ако веќе се играат, да бидеме цивилизирани. Надвор од теренот да се дружиме, но на него да бидеме големи ривали“ им изјави Мамиќ на српските медиуми.

ПретходноБензема се договорил со Реал, останува до 2023 година
СледноОфицијално: Бруно Акраповиќ е тренер на Шкендија!