Шпанската фудбалска легенда Чави денеска пристигна на аеродромот во Барселона по престојот на блискиот исток. Таму беше тренер на тимот на Ал Сад во изминатиот период, а сега медиумите во Шпанија го назначуваат за наследник на тренерското место на Роналд Куман. Холанѓанецот не успеа на кормилото на Барселона, многу веројатно ќе си замине, а Чави многумина го сметаат за следен тренер на Каталонците.
Нормално, бројните новинари кои го пречекаа Чави веднаш го прашаа директно дали доаѓа на потпис со Барселона, а тој кусо одговори, „Не знам ништо, јас сум дојден само на годишен одмор“.
Сепак, сомнителна е целата ситуација, затоа што присутните приметија дека Чави со себе има 22 парчиња багаж, а тоа освен преселба од еден град во друг не може ама апсолутно ништо друго да значи.