Против Новак во 1.коло освои само еден гем, но затоа во двојки си лапна злато!

161

Новак Ѓоковиќ утре во финалето во сингл ќе настапи против Карлос Алкараз. Тоа ќе биде битка за златото.

Интересно, Новак походот кон златото го почна со победата над Метју Ебден од Австралија во 1.коло со 2:0 во сетови. Новак на Австралиецот тогаш му дозволи да освои само еден гем.

И сега тој Ебден, замислете, освои златен медал во двојки заедно со Пеерс, откако во финалето славеа против Американците Краичек и Рам со 2:1 во сетови.

Што ти е живот…

ПретходноВоска го договори и Нигериецот Дадет, некогашен фудбалер на Победа!
СледноАталанта одби 45 милиони за Копмејнерс, Јувентус ја зголеми понудата