Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го постигна еден од најбрзите ако не и најбрзиот гол во историјата на Унгарија. Имено се играше 38 секунда кога нашиот дефанзивец успеа да постигне убав гол за Фехервар за водство од 1:0 против составот на ДВТК.
Секако дека ова е потврда дека Серафимов се наоѓа во одлична форма во пресрет на септемвриските обврски на нашата најдобра репрезентација.