Каков настап на Рељиќ на ЛОИ – ја урна двојната олимписки шампионка

4183

Милјана Рељиќ на својот прв настап на Летните Олимписки Игри беше неверојатна, настапи храбро и дојде до првата победа на ова натпреварување и се пласираше во четвртфиналето.

За противничка, македонската таеквондиска во категоријата до 57 килограми ја имаше искустната Џејд Џонс од Велика Британија која е двојна олимписка шампионка. На Рељиќ не и сметаше што е десет години помлада од неа, на теренот влезе со голема самодверба, успеа да ја спроведе целата тактика и да дојде до победа од 2-1.

Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со удар во глава, дојде до 2-3, а потоа и до 2-4, на крајот рундата ја доби со 7-6.

Борбата се разгоре во втората рунда, овој пат притисокот беше на страна на Џонс, кој се измачи и беше подобра од Македонката со 5-4.

Во решавачката трета рунда заврши со 1-1, а крајниот резултат беше 2-1 за нашата спортиска.

Последен кој ќе настапи на ЛОИ е Дарио Ивановски.
ПретходноНа својот прв настап на ЛОИ, Егоров убедливо поразен од Аман Шерават
СледноОткако ја расплака Велика Британија, позната е следната противничка на Рељиќ