Кипјегон е првата жена со „златен“ хет-трик на 1500 метри

80

Феит Кипјегон победи на трката на 1500 метри и со тоа стана првата жена која победила на три едноподруго трки во оваа дисциплина. Таа ги има златата од Игрите во Рио, Токио и Париз. Таа вечерва победи со време 3:51.29 што претставува олимписки рекорд.

Џесика Хал е сребрена со време 3:52.56 што воедно е прв медал во оваа дисциплина за Австралија на Олимпијадите. Трета или бронзениот медал замина кај Џорџија Бел од Британија со време 3:52.61 што е национален рекорд.

ПретходноМомент за историја: Албанија го освои првиот олимписки медал
СледноДоминација – САД до злато на штафетата 4х400 со олимписки рекорд